Што е антидор - НАФОРА?



 



Што е антидор - НАФОРА?

Земете ја во рака и прашајте ја:

- Како се викаш?

- Ме викаат нафора...

- Што ќе ми кажеш?

-Јас не сум дар...

-Каде е тој дар?

- Во Светиот Путир внатре! Од таму оди да го земеш...

- А што си ти?

- Јас сум благослов.

- Што е тоа?

- Тоа е дар за простување на гревовите и вечен живот.Тоа е влез во Царството Небеско.

- Што си ти?

-Јас сум благослов Господов и милост.Те чекам да се исповедаш,покаеш,да го промениш својот живот и да го примиш Телото и Крвта Христова и да се спасиш.

Нафората е утроба на Пресветата Богородица.

Ние добиваме благослов од Пресветата Богородица со антидорот.

Дар е Оној кој Таа го родила и се преобрази за отпуштање на гревовите.

Тогаш се дава мал благослов,како потполно не би ја прекинале врската со Црквата.

Не дека во нафората постои спасение,дури и да изедете цела корпа од нафората,не сте спасени.

Христос спасува,Пресветата Богородица посредува.


Пресвета Богородице спаси не!



Димитриос Панагопоулос


Comments