Љубов или омраза


Љубов или омраза

Многу "религиозни"луѓе заборавајќи дека Светото Писмо кажува"Бог е Љубов" (1Јн.4:16) задоени се со омраза.Пропагирајќи своја форма и видување на верата,наоѓаат во светот оправдување за своите постапки.Не ги сакам другите зошто навиваат за друг клуб;не ги сакам Србите,Грците,Албанците Бугарите,и другите зошто ни правеа зло,не ги сакам соседите зошто се подобро финансиски ситуирани,не ги сакам досадните поминувачи,не ги сакам другите зошто се различни од мене.

И за никој немам разбирање.Дали се пронајдовте!? Или да продолжам? Колку само тоа"Не сакам" или често "Мразам" е во нашиот народ, а Бог е Љубов,и вчера,и денеска и утре. Он не потсетува да ги сакаме своите блиски,како и непријателите свои Сакајте ги непријателите свои и молете се за оние кои ве навредуваат и гонат(Мт.43-44).Зошто каква ви е благодарноста ако ги сакате оние кои ве вас сакаат?

Неможе злото да се искоренува со зло,како што огинот не го гаси огинот.

Така Свети Апостол Павле во својата Химна на Љубовта зборува Ако ја имам сета вера да и горите ги преместувам,а љубов немам,ништо не сум.Светот кој секојдневно и на сите начини не мачи,прогонува,треба да го поднесуваме и да бидеме долгогодишни,следејќи го примерот на Светиот Апостол Павле:Кога не гонат,да трпиме(1Кор.4:12)додека било каква освета и суд да оставиме на Бога не правите освета за себе зошто е напишано Моја е одмаздата,Јас ке ја отплатувам"(Рим.12,19).

Да се живее Христијански значи да се живее во подвиг против паднатиот човек во себе,против падната(грешна)природа која не учи:око за око,заб за заб.

Да се потсетиме на зборовите на Свети Николај Велимировиќ:Само оној најсилниот од своите мачители,кој е немоќен да ги повтори нивните дела.

Оној кој ги учи луѓето: око за око,ги научил како да останат слепи.

Омразата е само уште еден производ на овој свет.Затоа браќа и сестри во Христа,не мразите туку опростувајте...

Comments