Добро утро Симеоне,јас сум Христос...


 

Во 1922 год. Грчкото сираче по име Симеон дојде од Мала Азија со останите бегалци.

Се насели во Пиреј во една разрушена барака и тамо порасна.Направи една дрвена колица и секој дневно пренесуваше работи во Пирејското пристаниште.

Тој не беше писмен а и незнаеше многу за нашата вера.

Имаше блаженство на едноставноста и едноставна вера и беше ненаметлив.

Кога стана полнолетен тој се ожени и формира семејство и доби две деца.Секое утро заминуваше во Пирејското пристаниште да заработи за својот леб.

Тој секое утро проаѓаше покрај Црквата која го носеше името на Свети Спиридон,влегуваше внатре застануваше пред Олтарот,ќе ја извадеше капата и ќе кажеше:

- Добро утро,Христе мој,јас сум Симеон.

Помогни ми да го заработам својот леб. 

Навечер кога ќе завршеше со работата,повторно проаѓаше покрај Црква,повторно застануваше пред Олтарот и кажуваше:

- Добро вечер Христе мој,јас сум Симеон.Ти благодарам што денес ми помогна.

И така му поминува годините на блажениот Симеон.

Во 1950 година целото семејство на Симеон се разболеа од туберколоза и сите блажено заспаа во Господа.

Симеон остана сам и го продолжи своето дело,тој не пропуштајте да помине покрај Свети Спиридон да го поздрави и да го дочека Христа,барајќи ја Неговата помош и благодарејќи му.

Кога Симеон остаре тој се разболе.

Беше примен во болница и таму остана еден месец.Еднаш еден човек го праша:

- Дедо, толку време си тука и никој не дојде да те посети.Зарем немаш никого на овој Свет?

- Христос доаѓа секое утро и секоја вечер,дете мое и ме утешува.

- А што ти кажува,дедо?

- Добро утро Симеоне,јас сум Христос,биди трпелив.Добра вечер Симеоне,јас сум Христос стрпи се.

Човекот беше изненаден од овој одговор и го повика својот духовен отец,отец Христодул Фасос,да дојде и да го посети Симеон.

Отецот го посети и започна разговор,му постави прашање за Христа и Симеон му даде ист одговор.

Во исто време наутро и навечер,кога Симеон одеше во Црквата и го поздравуваше Христа,сега Христос го поздравуваше Симеона.Духовникот го праша:

- Дали е тоа твојата фантазија Симеоне?

- Не,отец не измислувам,Христос е.

- Дали дојде денес?

- Да дојде

- И што ти кажа?

- Добро утро Симеоне,јас сум Христос. Биди трпелив,за три дена ќе те доведам крај себе наутро.

Духовникот секојдневно одеше во болницата,зборуваше со него и дознаваше за неговиот живот.Сфати дека е благословен човек. Третиот ден,рано наутро отиде да го види Симеон и да види дали ќе бидне прогласен за мртов.

Навистина,додека зборуваа, Симеон одеднаш повика: Дојде Христос по мене, и заспа во праведност. Неговото сеќавање вечно нека живее.


Амин






Comments