А колку бури имаше, а ние уште пловиме...


 

Кога ќе сфатиме дека секојдневните маки, болки, недостаток на пари, непријатни моменти кои ни се случуваат, во училиште, улица, работа, кавги со своите блиски и се лошо што ни се случува тоа е искушение кое произлегува од овој свет низ кој и со своите постапки си купуваме живот во светот кој непроаѓа, со радост ќе го дочекаме секое ново искушение.Зошто нема поубаво чувство да се завртиш кон сите маки кои ни се случуваат дека тие имаа смисол и дека нашиот брод преживеа уште една бура.

А колку бури имаше, а ние уште пловиме.

Чувството е како сончање на тивкото утринско сонце и поглед на животот, поглед над оние ситни и убави работи кои проаѓаа покрај нас, модерниот и забрзан начин на животот ни оневозможува да го согледаме.

Заправо човекот во таквото сфаќање на животот, на секоја тешкотија гледа низ тага, мака, казна, наместо со радост.

Навистина тешко е кога е невреме на морето, тешко е во душа.Но ни морето ни душата не се чистат без невреме како што ни кажува Светиот Владика Николај Велимировиќ

Затоа на другите треба да им помагаме кога се во мака, и да им покажеме низ примерите на Христијанските Светители дека жртвата не е залудна, а искушенијата и маките не се за тага и за предавање туку за борба и радост.

Зборуваше старецот Никон Оптински"Христијанинот секогаш треба да се радува.Радоста е сведочење за неговата вера.Радувајте се деца мои, радувајте се и кога ке паднете во големи и тешки искушенија".

Затоа радувајте се! а бродоломите победувајте ги со љубов, смирение и молитва.

Нека ви секој ден биде исполнет со тие три работи.И на крај на целото  патешествие не чека сигурно Небеско пристаниште.

И ете сега многу малку боли, кога болката се сфати и се засака...


Comments