Што е потсетување на смрта и што тоа значи?

 Потсетување на смрта ни помага да поминеме преку своето предходно јас, зошто внесуваме понизност во душата. Кога заборавиме на смрта, во илузија сме дека ќе останеме засекогаш на земјата и тоа ја зголемува нашата ароганција, алчност, обожување на телото и склоност кон искористување на другите.

Потсетување на смрта ни дава чуство на ограничувања на земјата и важноста на нашите мисли,зборови и дела за нашиот живот после смрта и во вечноста.

Ни помага сериозно да се носиме со овој сегашен живот, во светлина на вечноста, како не би го потрошиле својот живот на земјата во безгрижност и несериозност, никогаш не размислувајќи за последиците.

Древниот Грчки мудрец, Сократ, зборуваше дека ,, вистинските филозофи секогаш ја проучуваат смрта; нив од сите луѓе, умирањето воопшто не им е страшно"(Платонов Федон 67е). А Светиот Јован Златоуст не советува почесто да ги посетуваме гробиштата, како би можеле да размислиме за бескорисноста на човечките работи.

Сите знаеме, дека после посетата на гробиштата ние сме понизни, почуствителни, помалку врзани за материјалните работи и отворени спрема Бога и другите луѓе.

Сеќавањето за смрта, за кое Свети Јован Лествичник и другите Свети Отци многу пишуваа, нема никаква врска со било кое болно, меланхолично и неуротично размислување. Тоа за душата не донесува никаква корист, зошто донесува само очајание и мора да се надмине со помош на духовен отец 

Побожното сеќавање на смрта е харизматична и духовна состојба која внесува понизност,мир и радост во душата.Тоа е дар од Бога и Тој е оној од кого мораме да бараме.

Како се постигнува сеќавање на смрта?

 Што повеќе го надминуваме својот егоцентричен живот и што повеќе го сакаме Бога, повеќе ќе размислуваме за Бога.

Размислуваме за онаа што се однесува за нас и што сакаме. Самиот Господ кажа: 
,,Каде е вашето богатство, таму е и вашето срце".

Проучување на зборовите Божји во Светото Писмо и на Свети Отци, дружејќи се со духовните луѓе кои го сакаат Бога, ревносна молитва, редовно присуство на литургија и често и достојно причествување ја зголемуваат љубовта спрема Бога во нас и сеќавање на Него.

Свети Григориј Богослов советува:
''Почесто се сеќавајте на Бога отколку што дишете".

Непрекидното сеќавање на смрта донесува длабок мир и радост во душата, дури и во најтешките животни околности.
Старец Георгиј Капсанис

Comments