Среќата ќе дојде покасно

 Во едно село живееше еден млад човек.Со денови седеше во својата куќа не работејќи ништо. Еднаш ја праша својата мајка:

- Мајко како да ја најдам својата среќа?
Излези синко на отвореното поле,онаа што ќе го фатиш ќе стане твоја среќа,му одговори таа.
Излезе младиот човек во полето,и виде едно ждребе како трчи.
Потрча да го стигне но неможеше.Од под грмушките изрипа еден зајак,потрча да го стигне и не успеа да го фати.Виде една голубица како лети,потрча по неа но таа одлета.
Погледа младиот човек по полето и виде еден гавран како мирно чекори по полето и бараше по некој црв.Без ништо да прави ја пружи раката и го фати гавранот.
Навистина,го праша гавранот,дали си ти мојата среќа?
Не му одговори гавранот каква сум јас среќа…Но јас можам да ти кажам како да ја фатиш среќата.
Како -праша младиот човек.
- Земи миризливо сено и стави го во дворот,ќе дојде ждребето да го јаде и ќе остане кај тебе.Земи слатки моркови,стави ги покрај оградата и ќе дојде и зајакот и ќе стане питом.По дворот расфрлај пченица и ќе долета голубицата и ќе направи гнездо под стреата.
- Дали е оваа среќата?се зачуди младиот човек.
- Среќата ќе дојде покасно.Кога мила и убава девојка ќе помине покрај дворот,и ќе те види како ги раниш ждребето,зајакот и голубицата ќе те засака и ќе ти стане жена.
…Царството Божјо нема да дојде на впечатлив начин, и нема да каже: еве,овдека е,или: еве го таму…(Лк.17,20)


Монах Симеон Атонски

Comments