Внатрешен човек


 

Внатрешен човек

Младиот  човек е сит и здрав,но има мака и тага.

Младиот човек е убаво облечен и солидно образуван,но во неговите очи има толку голема болка страшно е да го погледнеш во очи.

Што е тоа? Какви се тие невољи? Дали тоа значи дека е "бесен од мрсна храна" или е во прашање нешто друго?

Тоа е нешто друго што докажува дека збирот на ситост помножена со здравиот и мирен живот не е среќа.

Среќата не е исто што и ситост, а понекогаш е во спротивност од неа.

И оваа не е Апологија на гладот.Ова е само уште еден од парадоксалните факти.

Тоталниот материјалистички поглед на светот не сака да поверува во тоа,но животот храбро испаѓа ако некој го исфрли низ врата.

Сити и здрави се секаде тажни и несреќни,затоа што никогаш не повикаа во очајание:Каде си Господе?

Затоа што не ги бришат солзите.Затоа што не се посветени на ниту една работа и никако неможат да најдат или изберат некоја работа.
Затоа што животот,на крај на крајот им изгледа бесмислен и тешко да вреди да се проживи.

Вистинските проблеми за човекот ќе започнат тогаш кога ќе има загарантиран леб секој ден.Отприлика така зборуваше Фјодор Михајлович ,кој како и обично беше во право.

Душата не смее да се занемарува.Не смее секоја грижа на човекот да се сведе на човечкото тело.

Душата може да се навреди.Ќе замолчи,и сокрие во некој агол,некое време ќе се прави како да ја нема.А еднаш ќе се освети.И тоа окрутно ке се освети.

Ќе почне да боли.

Оној кој знае што е душевен бол ќе се согласи:и да му исечат прст или да му извадат око само да пројде болката во душата.
А таа нема да пројде намерно. Просто човекот ќе остане без око или без прст но со иста болка во душата.

Кога човекот го боли душата се повлекува стравот од висина,стравот од морска или речна длабочина или страв од тркала на возот.И ете луѓе измачени од душевна болка скокаат од кровови,заминуваат на морското дно или легнуваат на железничка пруга докажувајќи во пракса дека онаа што е невидливо може да боли повеќе од видливото.

Но ние сеедно не сфаќаме,како да сме од дрво до појасот,се обидуваме да ја лечиме душата исклучиво со таблети.

А необјаснива тага на ситост и здрав млад човек во меѓувреме не оспорно докажува дека во него притисната во заден,запоставена и ставена под илјада сомнежи живее бесмртната душа.

Зборувам заправо за младиот човек.Затоа што е зрел,презрел и остарен човек премногу оптеретени со проблемите и гревовите да би пател поради чиста метафизика.

А младиот човек е свеж,идеалистички настроен и не прифаќа компромиси.Потребна му е чиста мисла и сојуз со правдата и вистината.
А таблети за спиење и смирување се уште не му се потребни.

Можеби во нашето време е заправо времето на оној замор на срцето кај човекот кога ништо не помага освен Евангелието.И човекот треба да го сфати се онаа што му е познато.

Некои повторно,а мнозина по прв пат.

Ако видите млад човек со неизмерна тага во очите,тоа е добар човек.Он копнее за Бога и вечниот живот инаку сам тоа се уште не го знае.Сите производи на пазарот на задоволствата нема да му донесат среќа.И он скоро да го мрази овој лажен и бучен свет како што ја мрази жената која си го продава своето тело и која му ветувала блаженство а му подари срамна болест.

Неможе секој да зборува со таков човек.Ако не можете,едноставно да се помолите за него.Обавезно да се помолите,кратко но искрено.

Тој е добар,но е на раскрсница.Не е витез.Тој е просто млад човек.

Ако неговото срце не се зарадува и не се помири со Бога,ќе замине во некоја секта каде религиозната лага подарува илузија на вистината.

Едноставно ќе се убие со некоја хемија вбризгувајки ја во вена или мускул.Едноставно му останува мал број на избор.

Секој млад жител на материјалистичка цивилизација пресилно го боли безсмртната душа.

протоереј Андреј Ткачов

Comments