Се тоа има врска со твојот живот...


 

Дали те боли срцето?

А желудникот? 

А очите?

Нозете?


Се тоа има врска со твојот живот, со твојот карактер, со зборовите кои им ги зборуваш на другите, со љубовта која ја имаш спрема Бога, со твоите чувства на ниска вредност, со твоите желби, нагони, со твојот грев...


Понекогаш ќе те фати силна болка и помислуваш: да не е сега нешто ново?


Но што ново може да биде!?


Ништо на светот не е независно.

Едното е зависно од другото.

Испитај се себе си, својата душа, својот дух, својата молитва,својот пост, својата агонија,  својата тага...

И тогаш ќе се среди психосоматската состојба на твојот организам.


Старец Емилијан Симонопетриски


Comments