На 27 февруари 1998 година се упокои старец Јефрем Кантунакијски, првосвештеник, подвижник и ученик на старец Јосиф Исихаст
Не те осудувам што правиш тешки и сериозни гревови, ти си човек. Те осудувам што не признаваш. Затоа те осудувам. Паднавте? Веднаш кај духовникот. Паднавте? Кај духовникот, се кај духовникот. И преподобната Марија се исповеда .
Имаше еден Кипарец во нашето маало и имаше
еден послушник кој не ги слушаше родителите. Кога се замонаши, не го слушаше
својот Старец. И така, додека седевме во малата Света Ана, неговиот Старец го
испрати кај старец Јосиф Исихаст да ги исповеда своите мисли и ако нешто може да
му помогне. Кога стигна таму, застанавме околу Старецот и тој ни рече: „Ајде,
одите во своите соби. Дојди овде, отец Јован“. Се качи и отиде во својата соба.
- Старче, душата ми плаче, плаче, плаче како
мало дете.
- Зошто, дете мое, ти плаче душата?
„Затоа што не го смирив мојот старец.
- А зошто не го смири?
- Еве, во послушност.
- Слушај, дете мое. Таму кај се сруши , таму поправај. Ти попушти на „Нека е благословено“, со
скрушеност и самоодрекување заради Старецот. Не барај сега со молитва или Света Причест, оче
мој, да ја поправиш својата грешка. Каде си згрешил, таму да се покаеш, таму да
се поправиш.