Господ не ме заборави...

 



Јас се восхитувам затоа што мене, паднатото суштество, Господ не ме заборави.

Некои очајуваат и мислат дека Господ нема да им ги опрости нивните гревови.

Таквата помисла е од ѓаволот. Господ е толку милостив што ние неможеме да го сфатиме.Оној на кого душата му се исполнила со Неговата љубов со Светиот Дух, знае колку Тој го сака човекот.

Губејќи ја таа љубов, душата тагува и се мачи и умот не сака да се задржи за ништо друго, туку само го бара Бога.


Свети Силуан Атонски

Comments