Чудото на Свети Нектариј по молитвите на старецот Нектариј Виталис - исцеление на малиот Василиј


Детето имаше само пет години, често имаше главоболки и после одредено време неговите родители го одведоа на лекар.

Страшна вест таму ги дочека, детето имаше тежок облик на карцином и наскоро ќе го загуби видот.

Тешките прогнози за еден месец се исполнија, детето ослепе, а единствено решение беше да му ги извадат очите за да би останало живо.

Операцијата требаше да се направи во Англија, а родителите имаа пари за неа - но замислете го пеколот на понатамошниот живот на детето.


Еден ден одлучија да отидат до островот Егина и тука започнува невероватната приказна.


Старецот Нектариј Виталис го пречека малото дете со родителите и ја слушна потресната случка, не му беше сеедно и плачеше и му се молеше на Бога додека тоа го слушаше.


Дедо, те молам да ме сослушаш, му кажа детето. Јас дома имам играчки и не ми требаат, не гледам да би се играл со нив, а моите родители не сакаат да им ги подарат на другите деца, те молам да им кажеш тоа да го направат, додаде малиот Ангел.


Старецот Нектариј Виталис го одведе пред иконата и го помаза со Светото масло од кандилито од иконата на Свети Нектариј Егински.


Дедо, каков е Свети Нектариј?


Дали иконата е голема?


До кај достигнува?


Не го гледам дедо, а би сакал да го видам му кажа детето.


Заминаа многу тажни од Егина, а старецот остана да се моли.

После неколку недели детето замина во Англија, требаше да му ги извадат очите.

Меѓутоа се случи невероватно чудо, карциномот го немаше, а главата на скенерот беше потполно чиста - без промени.


Родителите веднаш го одведоа детето на Егина и во знак на благодарност детето веднаш отиде кај Старецот Нектариј и му кажа: Дедо, колку си слаб, дали се сеќаваш на мене? му кажа детето.


Старецот неможеше веднаш да се сети за кого се работи, а детето гласно му кажа: дедо јас повторно гледам, Свети Нектариј ме посети и исцели, дедо мој како се радувам, а ми беше жал што оној ден неможев да го видам, сега сум тука и многу сум среќен заврши детето.


Денес, детето е трето оделение и е еден од најдобрите ученици, кој и да му се обрати на Свети Нектариј тој ќе се исцели! Само верувајте, ВЕРАТА Е СЕ!



Comments