Затоа мора да ја почитуваме Дева Марија со добри дела...


Имаше една девојка по име Марија.  Нејзиниот татко беше Христијанин и тој сакаше таа да се омажи, но таа не сакаше, сакаше да ја задржи невиноста.  Ја смести во еден женски манастир и ја предал на игуманијата да ја има како дете.


 И откако почина татко ѝ,дојде друг господар во таа земја, па еден ден отиде  во манастирот каде што беше Марија.


 И штом ја виде господарот, се разигра срцето на сатанската љубов и кога се врати во својата куќа испрати писмо до игуманијата и  рече: Испрати ми Марија веднаш, бидејќи ја видов и таа ме виде, таа ме засака.


 Игуманијата го прочита писмото, и ја викна  Марија и ја праша: Дете мое, што добро виде кај господарот и дали со љубов го погледна?  Погледни што пишува овде!


 Марија вели: Не можам да кажам ништо.  Го погледнав со друга цел и му реков: Боже мој, ќе ја има ли оваа слава што ја има овој господар овде, и на оној свет?  И ме погледна со ѓаволска цел.


 Кога би сакала да се омажам, татко ми ќе ме омажеше и јас би станала добра сопруга и Христијанка  Тогаш игуманијата му пиша на Господарот: Подобро да ти ја испратам главата отколку  Марија.


 Господарот пак и напиша велејќи на игуманијата: Или прати ми Марија, или ќе дојдам сам да ја земам и ќе го запалам манастирот.


 Марија го слушна тоа и ѝ рече на игуманијата: Кога ќе дојдат луѓето, прати ги во мојата ќелија и јас ќе им одговорам. Луѓето дојдоа во ќелијата на Марија и таа ги праша што сакаат.


 Тие ѝ рекоа: Господарот не испрати да те земеме, оти ти ги виде очите и те засака.


 Им кажа да почекаат  да отиде до Црквата.  Потоа зема нож и чинија, и отиде крај  иконата на Исус Христос и кажа: Господи мој, ти ми даде очи да одам по добар пат, а јас неможам да одам во злото.


 И бидејќи овие очи ќе ми ги одземат мислите, еве ќе ги извадам за Твојата љубов, за да избегам од калта на гревот.  И веднаш го стави ножот во окото и го вади во чинија.


 Таа и пријде на Богородица и го извади другото око и ги стави едно до друго.


 Тогаш луѓето влегоа во црвата  и кога видоа што се случи веднаш му кажаа на господарот што се случи а кога ги виде господарот извадените очи веднаш стана и отиде во манастирот и ги молеше монахињите да му се помолат на Бога, да ја исцели Марија.


 Сите веднаш отидоа со господарот и, паѓајќи на земја, се помолија на Господа и на Пресветата Богородица да ја исцелат Марија.


Пресветата Богородица тогаш и се јави на Марија како молња и ѝ рече: Здраво Марија!  Бидејќи повеќе сакаше да го тргнеш погледот од љубовта на мојот Синот и Мојата, еве ти ги повторно твоите очи и сега повеќе искушението да не ти се случува.


 Гледајќи го чудото присутните многу се израдуваа и го прославија Бога и Дева Марија.  Тогаш господарот му посвети многу злато на манастирот и прими благослов од монахињите и си замина.


 Слушате ли, браќа мои, што направи Марија со силата на Богородица?  Затоа мора да ја почитуваме Дева Марија со добри дела.


 Свети Козма Етолски


Comments