ПРЕПОДОБЕН НЕКТАРИЈ ОПТИНСКИ

  Отецот Адријан Римаренко, на барање да ја опише личноста на големиот старец Нектариј Оптински одбил велејќи:

- Се плашам да опишам толку голема фигура, која за нас беше слика на несоздадена светлина!

ПРЕПОДОБЕН НЕКТАРИЈ ОПТИНСКИ

Со стравопочит се сеќавам на една моја посета на Старецот: тој ми рече да се подготвам за исповед и ме поучи да го читам Евангелието. Застанав пред говорницата и почнав да читам на глас.


Тој се повлече во својата ќелија и се чинеше дека се молеше. Вратата беше подотворена. Кога завршив со читањето, го свртев погледот кон полуотворената врата и глетката што ја видов ме натера да викнам гласно.


Старецот беше целиот во светлина; тој беше опкружен со светла блескава светлина!


Овој натприроден настан изгледа се случи додека тој се молеше и додека јас го читав Евангелието. Но, штом извикав со восхит и чудење, сè исчезна.



Од книгата „Свети Нектариј, Последниот Старец на Оптина“.


Comments