Тропар на Сретение на нашиот Господ и Спасител Исус Христос

 Тропар на Сретение на нашиот Господ и Спасител Исус Христос


                              15/02 февруари 

Радувај се, благодатна Богородице Дево, зашто од Тебе засветли Сонцето на правдата – Христос нашиот Бог, Кој ги просветлува оние што се во темнина. Весели се и ти, старче праведни, кој Го прими во прегратките Ослободителот на душите наши, Кој ни дарува воскресение.

 Кондак

Христе Боже, Кој со Твоето раѓање ја освети утробата на Дева, и ги благослови рацете Симеонови како што прилега, откако ни дојде во пресрет, нe спаси и нас. Но, смири го во неволјите Твоето население, и поткрепи ги нашите управители, единствен Човекољупче.


 

Comments