ВОСТАВУВАЊЕ НА ПРАЗНИКОТ НА СРЕТЕНИЕ ГОСПОДОВО

 За време на владеењето на царот Јустинијан е востановен празникот Сретение Господово. Настанот и претходно го славеше Црквата, но на помалку свечен начин. Токму овој благочестив цар наредил да се вклучи меѓу големите Господови и Богородични празници. Еве како се случи...

За време на владеењето на Јустинијан, Константинопол и околните области доживеале епидемија на чума која траела неколку месеци. Болеста се појави во првите денови на октомври. Најпрво дневно се броеа меѓу пет и десет илјади смртни случаи. Беше невозможно да се закопаат сите тела, дури и оние на богатите и чесни луѓе, бидејќи и слугите ќе умрат. Во Антиохија, Божјата казна била уште пострашна. На чумата, заради човечките гревови, се додаде и страшен земјотрес кој ги урнал големите куќи, високите згради и многубројните цркви. Под урнатините загинаа мноштво луѓе. Епископот на градот починал под урнатините на својата катедрала. Помпеополис во Мизија исто така бил уништен, а сите негови жители ги проголтала земјата. Во овие ужасни времиња на смрт и пропаст, еден човек угоден на Бога имаше откровение дека е соодветно да се слави Светото Сретение Господово, меѓу другите големи празници Господови.

Кога дојде 15 февруари, денот на Светото сретение, се служеа бденија. Како што се вадеа крстовите во процесија, епидемијата на чума престана, а со неа и земјотресот. Многумина и благодарен на милоста Божја и молитвите на неговата пречиста Мајка.

На Христос нашиот Бог нека му е слава и поклонение и на Неговата Мајка чест и благодарност во вечни векови, амин!

Свети Димитриј Ростовски

Comments