Единствено Бог знае се за секој човек.


 

Постар маж влезе во возот со својот 25годишен син и седнаа на своите места.

Младиот човек седна до прозорецот.

Кога возот тргна,младиот човек ја извади раката низ прозорот,како би го осетил струењето на воздухот и одеднаш возбудено извика:

-Тато,погледни како дрвјата се движат наназад?

Постариот маж на тоа само се насмевна.

Покрај младиот човек седеше еден брачен пар.

Тие беа малку збунети поради тоа што младиот човек се однесува како дете.

Одеднаш младиот човек повторно воодушевено повика:

-Тато,гледај езеро и животни...облаците патуваат заедно со возот.

Брачниот пар и понатаму збунето го посматраше чудното однесување на младиот човек,во кое неговиот татко,би се кажало не наоѓаше ништо чудно.

Започна да паѓа дожд и капките дожд ја допираа раката на младиот човек.

Тој  повторно се исполни со радост и ги затвори очите.А потоа извика:

-Тато паѓа дожд,капките ме допираат! Гледаш ли тато?

Сакајќии некако да помогнат,брачниот пар го запраша постариот маж:

- Што не го однесете својот син во некоја клиника на консултација?

Постариот маж ги одговори:

-Само што излеговме од клиника.Денеска мојот син прв пат во животот доби вид!


Не е можно да судиме по делата и постапките на другите луѓе,немајќи притоа потполен увид во се.


Единствено Бог знае се за секој човек.

И поради тоа- Не судите,да не ви се суди!


Comments