ВРЕДИ ЛИ ДА СЕ ЖИВЕЕ?


 

ВРЕДИ ЛИ ДА СЕ ЖИВЕЕ?


Колку пати сме сретнале некој бездомник, сме се запрашале ли каков бил неговиот живот, дали имал семејство, професија,  живеел ли некогаш поинаку...? Еве ја исповедта на еден бездомник, кој ни ги даде сите одговори и нè натера да се замислиме и да ја сфатиме човечката судбина!


Една госпоѓа рече: "Отидов да купам кафе. Пред мене стои човек, малку згрчен, малку згрбавен, околу 70-годишен. Ја отвори својата раката  подавајќи ги железните пари и тивко вели: " Едно кафе, ве молам . "Продавачката се намурти и почна да ги брои: "Немате ли други пари, вакви железни ли....? Покрај тоа 2 денари ти недостасуват. "Човекот си ги прибра назад парите без нешто да и каже и се сврте за да си замине. " Нели ви е срам? " - И се развикав на продавачката - " Јас ќе го платам кафето ". Го поканив човекот на масичката, му го подадов кафето и седнав до него. Кутриот се вознемирени. Тој ми се заблагодари и ги истури од раката железните пари пред мене, и ми рече: " Земи ги, те молам. Нека Господ ви дава здравје и да ви преумножи да имате многу, за секогаш  да давате! "


Премолчив да му кажам дека и последните пари да ги имам - пак ќе ги дадам за такви луѓе како него, но замолчав. Ја видов топлината во неговите  очи и уште пред да прашам што и да било, тој почна да раскажува: "Бездомник сум". Не се срамам од тоа. Но не сакав да ја излажам продавачката, не ги преброив парите, моја вина беше. Не секогаш сум бил уличар. Бев пијанист. Многу патував. Имав сè. Имав пари. Никогаш не размислував  дека ќе остарам, дека мојот живот ќе се преврти и ќе се смени. Настрадав во сообраќајна несреќа. Веќе не можев да свирам и животот ми тргна назад. Зедов мала инвалидска пензија. Семејство и деца немам. Сега се борам  со таа мала пензија. Таа никогаш за ништо не ми е доста, многу е мала.


Многу ги сакам луѓето а исто ги сакам многу и животните.  Еден ден до една канта за ѓубре стоеше едно гладно куче и гледаше угоре кон кантата. Погледнав наоколу, се запрашав што да му дадам. Пари немав за да му купам нешто, и без многу  да размислувам,  погледнав во кантата за ѓубре  за да му побарам нешто за јадење. Најдов еден леб,  толку ми беше срам од  луѓето што поминуваа, но погледот на гладно куче, во мене створи побуда да го направам тоа без да се срамам. Го  извадив лебот, скршив едно парче и му дадов. Тоа го изеде веднаш за миг како никогаш да нема јадено ништо. Почнав да му кршам, за да јаде побавно. Паднаа неколку трошки и веднаш долетаа гладни гулаби, и почнаа и тие да јадат. Одеднаш сфатив колку ми е добро на срцето и колку сум среќен што сепак успеав да ги нахранам.


Другиот ден , кучето седеше повторно до кантата и гледаше кон мојата зграда. Но сега јас бев подготвен. Носев леб од дома, натопен во манџа. Во моето срце како да се преврте нешто. Почнав да забележувам дека сите гладни животни од соседството идеа по мене. Бидејќи неможев сите да ги нахранам, решив и си реков, нема ништо лошо да побарам во кантите храна за нив. Решив, во името на животните дека нема да ми е срам. Па така почнаа да ми минуваат деновите со нив.


Секое утро излегувам, обезбедувам  храна од кантите и одам да ги нахранам животните. Кучето кое прво го нахранив, решив да го земам дома, ми беше голем другар. Тој ме научи дека животот не завршува со парите, дека вреди да се живее. Правејќи добро и хранејќи ги животните секојдневно, повеќе не размислував што ќе речат луѓето, едноставно бев убеден во себе дека правам големо дело пред Бога.  Освен храна, собирав весници, кутии и ги носев во специјално место, кое за тоа добивав нешто пари. Со заработените пари и со мојата пензија се снаоѓавме некако со мојот верен другар! " Насмевка го озари неговото лице, насмевка која беше искрена и топла, таква каква што не сум видела во ниту еден богаташ. Очите ми се наполнија со солзи . " Вие ми одржавте  лекција од животот, господине! Ви благодарам за сè! А, кафето нека е од мене! " - Реков. А тој одговори : "Благодарам што ме ислуша госпоѓо! Благодарам за кафето и знајте - Животот е Чудо! Вреди да се живее, затоа што тоа ни е дар од Бога! - Сите сме исти пред Него, верувај! - Госпоѓата се расплака, се поздрави и си замина.

Comments