Раскажува Старица Стефанија од манастирот Свети Стефан кај Охрид...
Раскажува Старица Стефанија од манастирот Свети Стефан кај Охрид - сега во својата осумдесетта година:
Минатата година бев таму на денот на празнувањето на Свети Еразмо и служев колку што можев. Кога заминаа гостите, јас преноќив и се одморив.
Ноќе, двајца мажи дојдоа во мојот сон и застанаа на двете страни од мене. За тој што беше како Господ, мислев дека е Свети Еразмо. Ми рече: Спиеш а!! спие монахиња?
Му реков дека сум уморна и треба да легнам. Потоа продолжи:
И какви молитви читате?
Му одговорив дека сум неписмена и стара и дека се молам на Бога колку што можам, на свој начин. Потоа рече:
Морате да ја кажувате колку што можете почесто Оче наш и Богородице Дево.
И тогаш ми дојде и почнав да ја кажувам Господовата молитва.
Тогаш ја кажав и Богородице Дево и тие го повторија по мене.
Сега читај го Симболот на верата, ми рече старецот.
Почнав и бидејќи не знам многу, почнаа да читаат тие со посилен глас, а јас продолжив по нив. Потоа уште еднаш ми нагласија дека треба да ги читам овие три молитви неколку пати секој ден и тие исчезнаа. Се разбудив и се прекрстив. И сега често ги читам овие три молитви секој ден.
Свети Николај Велимировиќ
Comments
Post a Comment
Напиши коментар