Светот е ..ти!!!...


 



Светот е ..ти!!


Ако сакаме да го промениме светот, најдоброто нешто што можеме да направиме е да се промениме себеси.

Кога се прашувате и полудувате што ќе каже светот, не заборавајте дека светот сте вие.

Дека во одреден момент тој што рекол „не можам да поднесам што ќе кажат луѓето“ понекогаш го кажал истото и за тебе.

И ти се однесуваше како толпа, се занесе. Си го удрил со клинецот по глава. Си викал Осана но и си распнал некои. Треба да ги споменеме и овие.

Но, каква е вашата позиција како дел од светот?

Каква е вашата позиција во вашиот град, вашето маало, вашето село?

Дали е предавничка, озборувачка? Или е реална или солидна? Со облека на вистината и благодатта?

Кога велиме дека светот и општеството се виновни, подобро да се погледнеме во огледало. Ние сме светот и општеството. Ние сме членови на овој свет, но и членови на Телото Христово.

Ние сме параноични, го обвинуваме светот додека сме дел од него. О Боже каква иронија!

Ако сакаме да го промениме светот, најдоброто нешто што можеме да направиме е да се промениме себеси.

Оставете го светот и фатете се себеси...

Така, тогаш нека светот зборува за твојата Светост и тогаш ќе ја направиш најдобрата промена.

А клишето „Што ќе каже светот“ ќе биде дека тој не може да се засити да каже каква љубовна личност сте вие. А народот нека каже...Секој муабет ќе мириса на темјан.

Така правеа Светителите, тие беа дел од светот, но веќе живееја во другиот свет во светот на благодатта и се обидуваа со својата молитва да го повикаат овој свет таму.

Биди тоа што ти е предодредено да бидеш...Свет..и светот да каже и синаксаријаните да ти го напишат името.


Добра борба.


отец Спиридон Скутис


Comments