Непријателите ме туркаат во Твоите прегратки....

  Непријателите ме туркаат во Твоите прегратки...


Непријателите ме туркаат во Твоите прегратки повеќе отколку пријателите. Пријателите ме врзаа за земјата, а непријателите ме лишија од земјата и ги уништија сите мои надежи поврзани со земјата.

Непријателите ме научија - она ​​што малкумина го знаат - човекот нема непријатели на овој свет, освен самиот себе. Само тој мрази непријатели кој уште не разбрал дека сите непријатели му се груби „пријатели“. Тешко ми е да проценам кој ми направил повеќе добро на овој свет: непријателите или пријателите. Господи, благослови ги, затоа, моите непријатели и пријатели!


Свети Николај Велимировиќ -  „Молитви на езерото“

Comments