Борба за „власт“ во семејството. Зошто?

 Борба за „власт“ во семејството. Зошто?


Ако жената работи подеднакво со мажот, тогаш повторно се укинува правдата, бидејќи жената во семејството покрај работата носи и други товари, дополнителни обврски, токму затоа што е мајка на децата. Некој би помислил дека поради тоа што жената е оптоварена со поголеми обврски и извршува покомплексна улога, таа треба да ја има привилегијата да го „вглави“ семејството. Секако дека некој мора да го насочува семејството, како и секоја друга човечка институција. Така, во многу семејства настанува борбата за моќ, која многу често станува погубна за семејството. Затоа, каде и да го свртиме вниманието, секаде гледаме претерано сложени проблеми, а сè уште не сме се приближиле до нивно решавање.
Ги направив овие неколку набљудувања, за да ги видам работите како што ги гледаат мнозинството луѓе. Но, мислам дека ние како христијани ги гледаме дури и оние работи што другите не ги забележуваат. Сметаме дека најважното прашање воопшто за секој човек е прашањето: Што е човек? Која е неговата дестинација? Зошто и поради која причина се појави во светот? Која цел лежи пред него? Која е поентата на неговото постоење? Ако не одговориме на овие прашања, никогаш нема да можеме да ги решиме проблемите со кои се соочуваме на кое било ниво. Невозможно е, на пример, да се постигне вистинска праведна структура на општеството без ова знаење. Не можеме да го решиме проблемот со државното организирање ако немаме одговор на ова главно прашање. Целата историја на човештвото е напишана со бесцелно менаџирање, бесмислени војни, неправедно угнетување на силните врз слабите, како што гледаме во животинскиот свет. Според тоа, што е човекот? Одговорот на ова прашање го добиваме од Светото Писмо: „И го создаде Бог човекот според образот Свој, според образот Божји го создаде; машко и женско ги создаде.“ (1. Мој. 1:27). А малку подолу читаме: „А го создаде Господ Бог човекот од прав земен и му дувна во лицето дух животен; и човекот стана жива душа.“ (1. Мој. 2:7).
Значи, ако Бог ги создал мажот и жената како единствено човештво, тогаш природно е дека прашањето за односот меѓу мажот и жената било и секогаш ќе биде едно од најважните витални прашања. Ако го свртиме вниманието на природните дарови на жената и ги споредиме со мажот, од долгогодишно искуство ќе видиме дека тие дарови се разновидни; понекогаш се совпаѓаат, а понекогаш се надополнуваат. Знаеме и од историјата и од Светото Писмо дека на Исток, каде што се родиле сите големи религии, владеењето на мажот над жената било пресилно. Жената во источната свест беше некако инфериорно суштество. Дури и во Евангелието гледаме слични пасуси, како што се: „А оние што јадеа, беа околу пет илјади души, освен жените и децата.“ (Матеј 14:21). Се сметаа само мажите, а жените не се ни бројат. Но, ова не го гледаме само на Исток.
Случајно прочитав, кога бев млад, некои статистички податоци направени од некои германски образовани луѓе за улогата на мажот и улогата на жената во историјата на цивилизацијата. Овие учени Германци ги претставија машките достигнувања како многу значајни (споредувајќи ги со високите планини), додека од женските достигнувања забележаа само неколку кои сепак биле запишани во историјата на цивилизацијата.
Ми се чини дека ова недоразбирање се појави како последица на губењето на таа свест, која е содржана во Библијата: „И Бог го создаде човекот според Божјиот лик... ги создаде машко и женско“ (1. Мој. 1. 27).
Ова го забораваат не само мажите, туку и самите жени. Затоа, за да го исправиме нашиот живот на сите нивоа, почнувајќи од семејството, жените мора да се издигнат со дух и да му ја откријат на светот својата автентична вредност, својата висока улога. За христијанската црква, прашањето за улогата на жената станува се поакутно секоја година.

Гледаме дека во земјите каде што атеистичкиот комунизам води отворена борба против Црквата применувајќи секакви уцени, Црквата ја спасува храброста на жените, нивната самопожртвуваност, нивната подготвеност за секакви страдања. Секаде забележуваме дека жените во Црквите сочинуваат најголем процент. Можеме да кажеме дека во црквите за време на Богослужбите жените го сочинуваат мнозинството, понекогаш три четвртини, но понекогаш и повеќе. Ако сега сите жени ја напуштат Црквата, тогаш таа не би можела да постои, бидејќи мажите кои извршуваат висока пастирска служба, извршувајќи високи хиерархиски функции, би останале олигархија и, едноставно кажано, материјално би било невозможно да ја зачуваат Црквата.
Затоа, улогата на жената во Црквата е голема и сите ние мора да размислуваме за оваа појава. Во нашето христијанско учење за мажот, теолошки гледано, жената е претставена во иста мера како и мажот, како и мажот. Можностите на нејзината служба во историјата се неограничени. Фактот дека Бог Словото е отелотворен од жена покажува дека жената воопшто не е инфериорна пред Бога.

 
Свети Софрониј Сахаров -Тајната На Христијанскиот Живот

Comments