Светители се реки...


 


Светители се реки


Сите реки течат во морето, но морето не се преполнува (Проп. 1,7)

Колку убави зборови! Светителите се реки. Нивната работа и нивната мисија е со своите дела, со своите доблести и со нивните зборови да ја напојат жедната земја: срцата на луѓето, кои живеат во овој живот на земјата во тело.

 Но, без разлика колку активност развиваат Светите и колку и да даваат совети, луѓето ќе останат жедни, ако самите не бараат да го најдат патот, сами да се вратат, со срцето, кон тој Извор од кој извираат делата што ги направиле Светителите.

И сè додека го занемаруваат тоа, додека занемаруваат да се вратат назад во себе, кон своето срце, кон внатрешниот човек и да бидат фатени од љубовта на нашиот Создател и да се врзат со похота за Него, нивната рака, што и да се обидат да направат, секогаш ќе падне безживотно, а нивниот збор, едноставно не, не

 ќе им ги излади усните, но напротив, сè повеќе ќе ги суши!

Светителите сè повеќе се бореле да се вратат во себе, негувајќи ја љубовта; и таму во длабочините на нивните срца ги наоѓале и ги впивале оние, кои сега, со своите дела и со своите зборови ги канализираат во светот.

 Така Светите научија да го сакаат она што сега го носат на уста и го поучуваат.


Свети Григориј Богослов

Comments