Знаете ли кога ни се насмевнува душата?...


 




Знаете ли кога ни се насмевнува душата?


Небесниот Отец ни даде лице и душа.

Секогаш кога ќе видиме некој близок, секогаш кога ќе видиме прекрасен пејзаж, кога ќе слушнеме нешто пријатно, нашето лице се насмевнува.

Но, имаме и душа која вреди повеќе од нашето лице.

Знаете ли кога ни се насмевнува душата?

Секој пат кога му помагаме на ближниот, душата ни се насмевнува!

Секогаш кога ќе ја дадеме нашата милостина на сиромашните, душата ни се насмевнува!

Секогаш кога одиме на неделна Богослужба на нашата Црква, таа повторно се насмевнува!

Секој пат кога ќе се исповедаме, нашата душа не само што се насмевнува, туку „лета“!

Секој пат кога со љубов размислуваме за Господ Исус Христос и ги отвораме очите на нашата душа кон Него, нашата душа се насмевнува!

Секогаш кога ќе му кажеме „извини“ на некого на кого згрешивме, критикувавме, повредивме, душата ни се смее!

Секогаш кога со почит го правиме својот Крст, кога поминуваме покрај Црква, душата ни се насмевнува!

Овие насмевки ќе му ги понудиме на Господ Исус Христос кога ќе го сретнеме на небото.


Comments