Бог ме испрати да ви покажам што му смрди...


 




Бог ме испрати да ви покажам што му смрди



Еднаш одамна еден стар монах слегуваше од планината со својот подреден одеа накај градот. Додека одеа надолу, на левата страна од патот имаше мртво животно и како што беше лето смрдеше.

Но, пред нив одеше висок човек, кој помина без да си го фати носот од смрдеата, а тие ако не го затворија носот не можеа да поминат.

Беа импресионирани затоа што не го допре носот, но ништо не си кажаа. Одеа подолу и здогледаа мртво куче, истиот висок човек помина без да го чепне носот, овие двајца пак си го затвориле.

Напредуваа, стигнаа до градот, секогаш високиот човек одеше напред. Но, од градот доаѓаше една жена, убаво облечена се ширеше сладок мирис на парфем, убава како што можеме да замислиме.

Како што се приближи кон нив, тој си го затвори носот, на искушеникот му беше чудно и го праша старецот. Старче, виде ли нешто? Тој вели, видов нешто.

Што е ова поминавме кај животното, не се фати за нос и покрај кучето, сега кога помина оваа девојка од таму, толку убаво облечена  се фати за нос, што се случува? Старецот му вели, трчај да стигнеш до него. Па му пријде и му кажа благослови брате, Господ да благослови.

Сакаме да ве замолиме да ни кажете што сте? човек или нешто друго? Тој го праша, зошто прашуваш? Кога поминавме низ овие нечистотии не се фати нос, а го фати сега кога доаѓа оваа жена? Јас сум ангел, им кажа, не сум човек, а Господ ме испрати да ви покажам што му смрди на него.

Не му смрди оваа нечистотија, туку нечистотијата на себичноста, онаа што доаѓа од таму, сето она што таа жена го има во главата како помисла и начинот на кој се облекла му смрди на Бога и затоа ме испрати да ви кажам и ова е вистина.


Димитриос Панагопулос

Comments