Свети Нектариј и опседнатиот Спирос Егински...


 


Свети Нектариј и опседнатиот Спирос Егински



 

 Кон крајот на летото 1904 година, Свети Нектариј Пентаполиски  отишол во Егина да го основа манастирот Света Троица, каде што денес почива неговото добродетелно и чудотворно тело.

 Кога бродот што го превезувал се приближувал до пристаништето на островот, младиот човек Спирос, паднал на прагот од аптеката во Егина и почнал да вреска.

 - Доаѓа, доаѓа Владиката!  Трчајте да го запознаете!  Доаѓа Светител да го спаси островот!

 Се обидоа да го смират, но не успеаја.  Околу него се собра толпа љубопитни луѓе.  Сите тажно гледаа во паднатото момче и се чудеа на неговите зборови.  Некои отрчаа кај свештеникот, отец Михаил.

 Отец, Спирос зборува за некој Владика.  Доаѓал Владиката да го спаси островот.

 Отец Михаил истрча да види што се случува.  Се проби низ толпата и се приближи до Спирос.  Тој продолжи да вика, и да фрла пена од устата.

 -Доаѓа Владиката од Ризари.  Господ се смилува на нашето местото!  Доаѓа Свети Пентаполиски!

 Свештеникот, откако извесно време го набљудуваше несреќниот млад човек во тишина, замислено тргна кон пристаништето.  Во тоа време пристигна брод од Пиреја.  Меѓу патниците, свештеникот го здогледал Владиката.  Тој му се поклони со почит и му ја бакна раката.

 -Добредојдовте во Егина, Ваше Блаженство.  Прв пат сте овде?

 - Прв пат, му одговори Свети Нектариј насмевнувајќи се.

 - Еве, да си одиме дома... Само...

 - Сакаш да кажеш нешто?

 - Па, овде... Бевме шокирани од настанот.

 - Каков настан?

 - Има еден сиромашен млад човек кој лази на пазар, ги затвора очите и ја предвидува иднината.  Сега е на земја и вика ќе дојдеш да го спасиш местото.  Дури те нарекува човек Божји... Свет!

 - Каде е овој млад човек?

 - Оттука, ...

 Набрзо се нашле пред аптеката.  Спирос сè уште лежеше таму.  Со затворени очи и пена ви уста рече и пак рече:

 - Доаѓа Владиката... Доаѓа да го спаси местото... Ќе изгради Црква... Ќе изгради голем Манастир...

 Свети Нектариј застана.  Ги крена очите кон небото и умствено се молеше.  Потоа го подигна стапот, ја запре устата на момчето и величествено кажа:

 Дух на злобен и нечист демон, ти заповедам во името на Распнатиот Христос да излезеш од овој човек!

 Во исто време Спирос воздивна, ги отвори очите и стана.  Се ослободи од демонот!  Исполнет со благодарност, се наведна и ја бакна раката на Архиерејот  кој го исцели.

Comments