Мојот последен совет е: „Молете се, молете се без престан! Живееме во многу тешки времиња
Мојот последен совет е: „Молете се, молете се без престан! Живееме во многу тешки времиња
Мојот последен совет е: „Молете се, молете се без престан! Живееме во многу тешки времиња.
Имам 94 години. Јас сум стар. Размислете за тоа: што друго можам да направам на оваа возраст? Не слушам добро, не гледам добро... Во секој момент го очекувам моето заминување од овој живот.
Мора да се молиме колку што е можно повеќе. Да си легнеме молејќи се и да станеме молејќи се. Да не држиме лутина против никого, да не се сеќаваме на неправдите што ни ги направиле другите. Што и да ни направија, што и да ни кажаа, како и да нè повредија, да простиме... Исто како што Господ ни прости на сите. Така, ние сме обврзани да си простуваме еден на друг. Мора да се молиме во секое време и место.
Молитвата никогаш не престанува на земјата благодарение на христијанските монаси и монахињи. Таа секогаш се вознесува на небото, на Бога. Без молитва нема спасение. Првиот чекор на молитвата е: Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј ме! Но, во реалноста, молитвата нема чекори. „Помилувај ме“ или „спаси ме“ е истото. Ако ја знаеме теоријата и не ја применуваме во пракса, немаме никаква корист…
Кога нашиот ум е на друго место, не ни користиме. Бог сака да не Го заборавиме ниту за момент. Никој не се фали дека се моли, ако навистина се моли. Молитвата треба да се прави со смирение. Не е лесно да го држите умот „дома“ (т.е. фокусиран) цело време. Умот талка, некаде нешто гледа, нешто слуша, за нешто наоѓа интерес... Оној што навистина се моли нема друг интерес освен да се моли, само се грижи како преку молитва да не го ослабне својот однос со Бога.
Ден и ноќ, каде и да е човекот, тој мора да се грижи неговиот ум да биде блиску до Бога и да не се насочува незадржливо кон залудни работи.
Сега кога сум стар, повнимателен сум. Кога бев млад, јас и мојот ум трчавме наваму-назад, но на крајот успеав да го совладам, иако со голема тешкотија. Но, сега кога го чекам времето на моето заминување, во секое време, дење и ноќе, повеќе се молам. Го чекам заминувањето, но не сакам да оставам непростено, бидејќи во задгробниот живот нема покајание, само овде на земјата. И јас се надевам, но не можам да го натерам Бог да го прави она што го сакам... Само понизно се молам. Понизување и повторно понизување. Мојот последен совет е истиот, го повторувам: молете се, молете се без престан, каде и да сте.
Jеромонах Симеон Захариј
Comments
Post a Comment
Напиши коментар