Дали чистото срце се претпочита од многу перцепирани добра?
Тој беше млад војник, кој живееше неуредно. Но, тој ја сакаше Пресвета Богородица и често ја молеше да му помогне.
Еден ден, кога бил исцрпен и гладен од тешките воени обврски, бил сам на диво место, пред него се појавила Дева Марија. Во рацете држеше чинија со добра храна и бокал со вода.
Но, каков срам! Колку и да копнееше по топла храна и ладна вода, толку му се гадеше од нечистата чинијата и бокалот! Беа толку валкани и гнасни!
Кој си ти; Срамежливо праша младиот човек.
Јас сум Дева Марија, му одговори таа. Ги слушнав твоите молитви и дојдов.
А како, Богородице моја, да јадам од толку валкани садови?
Чедо мое, - одговорила Дева Марија - како сакаш да ги слушам твоите молитви, кои доаѓаат од валкано срце?
И велејќи го ова, Пресветата Богородица исчезна.
А младиот човек?
Тој падна во длабока контемплација.
Размислуваше, колку грешки направил во животот.
Дали чистото срце, кое го бара Пресвета Богородица, е многу посакувано од многуте добра?