Молитвата е важна за човечката душа колку и дишењето...
Молитвата е важна за човечката душа колку и дишењето.
Нема ништо поскапоцено во човечкиот живот од молитвата. Го прави невозможното возможно! го прави тешкото лесно!
Молитвата е важна за човечката душа како и дишењето.
Но кој не се моли му недостига разговор со Бога и е како дрвото што не дава плод и се сече и фрла во оган (Мат. 7:19).
Ноќта е многу погодно време за осамена молитва. Тоа е време кога сè е тивко и мирно.
Сè е тивко, а молитвата што извира од длабочината на срцето во ноќната тишина се слуша, а благодатта Божја се населува во душата во уште поголемо изобилство.
Во времето на молитвата се зголемуваат искушенијата кон оној што се моли со голема жар, со стравови и одвлекување на вниманието. Во исто време се умножува Божјата благодат за да не заштити и да ни даде духовна помош.
Општото мислење на Светите Отци е дека молитвата е ќерка на евангелските заповеди, како и мајка на сите добродетели.
Неговото Блаженство Патријарх Српски Павле
Comments
Post a Comment
Напиши коментар