Радувајте се на сè што не опкружува...

Радувајте се на сè што не опкружува.


Сите не учи и не води кон Бога. Сè околу нас е поток на Божјата љубов. И живи и неживи, растенија и животни и птици и планини и море и зајдисонце и ѕвезденото небо. Тоа се мали љубови, преку кои стигнуваме до големата Љубов, Христос. Цветовите, на пример, имаат своја благодат, нè учат со нивниот мирис, нивната величественост. Ни кажуваат за Божјата љубов. Тие го шират својот мирис, својата убавина на грешниците и праведниците. Искористете ги добрите времиња. Убавите моменти ја предиспонираат душата за молитва, ја прават деликатна, нежна, поетска. Разбудете се наутро, за да видите како кралското сонце изгрева целото златно од морето. Кога те возбудува прекрасен пејсаж, црквичка, нешто убаво, не останувај таму, оди подалеку од тоа, оди напред и величај се што е убаво, да живееш само убаво. Сè е Свето, морето и реките и храната. Уживајте во се. Сè нè збогатува, сè нè води до голема Љубов, сè нè води кон Христос.

 

Свети Ефрем Катунакиски


Comments