Боже, спремно е срцето мое

 „Срцето мое е подготвено, Боже, спремно е срцето мое “ (Пс. 56, 8).


Браќа мои, блажен е оној што може да му ги каже овие зборови на својот Господ! Блажен е оној чие срце е целосно подготвено да ја следи волјата Божја!



Што значи подготвеноста на човечкото срце? Дека радосно ја следи Божјата волја и дека нема внатрешен конфликт во однос на неговите сопствени мисли и желби.


Покајаниот цар Давид првично ги следел своите грешни желби и мисли; затоа беше како непослушен брод во бурно море.


Но, кога сфатил дека на крајот бурата ќе го потопи, со големо покајание и топли солзи се обратил кон Бога и тогаш целосно го свртел бродот на својот живот кон Божјата волја.


„Подготви го моето срце, Боже, подготви ми го срцето!“ извика тој со бескраен мир во душата, зашто знаеше дека го ставил својот брод во рацете на совршен Капетан.


Бурата сè уште беснееше, ветровите и брановите бесно го тепаа; но тој не се плашеше, уверен дека ништо не може да му го скрши бродот на животот и дека неговиот брод наскоро безбедно ќе отплови до безбедно пристаниште.


„Подготвено срце“ значи: срце исчистено од гордост, понижено пред Божјата величествена сила и мудрост.


Под „Срце спремно“ се подразбира срце кое е испразнето од сите световни желби и заблуди и е насочено само кон Бога и љубовта кон Него.


„Подготвено срце“ значи срце исцелено од секаква грижа, страв , смирено и зајакнато со присуството на Божјата благодат.


„Ќе те славам со сета своја душа пеејќи ти химни“ (Пс. 56, 8), продолжува псалмистот. Овде се гледа дека неговото срце е навистина подготвено, бидејќи не се фали со својата царска слава, туку му ја припишува на Бога.


Тој беше понижен, пред Бога како да е ништо и сега единственото задоволство му е постојано да го величи и слави Бога.

Свети Николаj Велимировиќ

Comments