Каде што има љубов, таму е Христос, а каде што е Христос, таму е рајот...


 

Каде што има љубов, таму е Христос, а каде што е Христос, таму е рајот



 - Старче, што да бараме во нашата молитва за целиот свет?

 -Да им посакаме на сите „добар рај“.  Христос се жртвувал за да се спасат сите луѓе, и оние кои се блиски до Него и оние кои се далеку од Него.

 Затоа, да се молиме сите да го знаат Бога, да Го љубат, да Му угодат и да се спасат, да одат во Рајот.

 Некој рече: Боже мој, го доживеав Рајот овде на земјата. Дојди со мене во пеколот да го земам мојот брат во рајот.

 Но, ако таков човек отиде во пеколот, поради неговата голема љубов, која исто така ќе биде пренесена во пеколот, мислам дека тоа мало парче пекол ќе се претвори во Рај, бидејќи каде што има љубов, таму е и Христос, а каде што е Христос таму  еНебото.


 Свети Пајсиј Светогорец 


Comments