Зошто сме овде на земјата?...


 

Зошто сме овде на земјата?


 Зошто сме овде на земјата?

 Да ја покажеме нашата љубов кон Бога.  Да научиме да го сакаме Бога повеќе од гревот!  За да можеме да одговориме на големата Божја љубов со нашата бескрајна љубов.  Само Божјата Љубов е голема, нашата е секогаш мала, безначајна.  Бог ја покажал и продолжува да ја покажува Својата љубов кон човекот без штедење, и во небесниот рај и на земјата!

 Овој краток земен живот ни е даден како школа и тест, да се испитаме себеси: дали и колку ќе одговориме со Љубов на големата Љубов Божја!  Секој ден и секој час од нас се бара да ја докажеме нашата љубов кон Бога“, вели Свети Исак Сирин.  Бог ни ја покажува Својата Љубов секој ден и секој час!

 Секој ден и секоја минута стоиме меѓу Бог и гревот, како на крстопат.  Повикани сме или да ја предадеме нашата љубов на Бога и да се вознесеме во светот на ангелите, или да го избереме гревот и да паднеме во темниот свет на „Адот“.Свети Алексеј човекот Божји кој го сакаше Бога повеќе од своите родители од својата жена од своето богатство седумнаесет години живеел како просјак, далеку од татковата куќа, а потоа уште седумнаесет години, како странец, презрен и заскитан во татковата куќа, на надворешната врата.

 Сето тоа го правеше самопожртвувано, за Љубовта Божја.  Семилостивиот Бог на љубовта одговори со љубов: за триесет и четиригодишното страдање на Својот слуга Алексиј, му подари вечен живот и бескрајна радост на небото меѓу ангелите и на земјата, Света слава.


 Свети Николај Велимировиќ


Comments