Работата што треба да ја работиме секој ден...



 

Работата што треба да ја работиме секој ден


 Секоја вечер верниот Исихиј се чувствувал многу уморен.  Кога игуменот го прашал од каде е уморот, тој одговорил:

 – Имам толку многу задачи секој ден!  Имам два сокола да скротам, два зајака да тренирам,двата орла да ги смирам, змеј да чувам,со еден лав да се борам секој ден и на болен човек да помогнам.

Го праша игуменот што значи сето ова?

 — Двата сокола се моите очи.  Морам да ги скротам да не гледаат се што ќе ми наштети.

 Двата зајака се моите нозе.  Морам да ги спречам да одат по патот на гревот.

 Двата орла се моите раце.  Морам да работам со нив за живот.

 Змејот е мојот јазик, морам да го врзам.

 Лавот е моето срце, со кое постојано морам да се борам.

 И моето тело е болно.  Морам да се грижам за него и да се грижам мојата душа да живее во него.


Comments