Чудесен настан од животот на Свети Амфилохиј Макрис...


 


Чудесен настан од животот на Свети Амфилохиј Макрис


 Во 1937 година, Свети Амфилохиј, тогашен игумен на манастирот на Патмос, бил наклеветен од еден брат од манастирот на Италијанските окупатори, кои го протерале Старецот од островот,а неговиот клеветник го ставиле во игуменскиот ковчег.  Старецот се нашол во Атина.Кога се вратил назад на Патмос, првиот човек што го бараше беше неговиот клеветник.  Но, бил информиран дека е отсутен, бидејќи е хоспитализиран во психијатриска болница во Атина.

Светиот се вратил во Атина, го нашол братот го исповедал, го утешил, со љубов и простување му ја засладил вознемирената душа и доаѓајќи на островот и во манастирот, побарал од игумените и отците да го вратат братот назад во манастирот, зошто не му требаше толку многу медицинска нега туку духовна поддршка.  Отците се согласиле под услов старецот Амфилохиј да го одведе во ќелија до неговата и лично да се грижи за него.

 Неизмерната љубов на старецот тој ја прифати, братот се врати и ја вкуси духовната љубов, пастирската грижа и грижата на Божјиот човек.

 Години подоцна, славејќи го споменот на Свети Антониј, за време на Божествената Литургија и додека старецот служел , народот во храмот бил многуброен, а меѓу нив и братот што го клеветеше Светителот сега покаен, земал збор и јавно го призна својот грев, неговата клевета и заврши со зборовите:

 Оче Амфилохиј, конечно престани да ме прогонуваш, престани да ме гониш со својата љубов.

Comments