Каков ден ти осамна?...



Каков ден ти осамна?



  Каков ден ти осамна... го изгуби синот единец, ангелот, светлината на твоите очите.

  Каков ден ти осамна... кога ќе ти кажат уште колку време ти преостанува да живееш и знаеш дека само болката ќе ти биде друштво додека не ги затвориш очите засекогаш?

  Каков ден ти осамна….. кога горко те изневерија и те оставија и не гледаш ништо што може да ти го излечи срцето.

  Каков ден ти осамна...ако изгубивте родител, дете бебе, во чија прегратка да трчате?

  Невозможно е јас да знам каков ден ти осамна, бидејќи јас не можам да ја доживеам твојата болка како што ти ја доживуваш.  Моите солзи никогаш нема да бидат исти како твоите.  Дури и да имам некои искуства... јас не сум ти.

  Знам само дека е тежок, тежок ден и дека не ти се доволни утехата, слатките зборови, топлите прегратки.

Ја имам само моја молитва да ти ја принесам.  Да бараш од Бога да ти испрати 1000 ангели да те утешат во секое „зошто“ во секое мрморење.

  Да ти ги избркам црните мисли и да ти шепнам... „и овој црн ден е еден од сесветлите Господови денови.  Бог знае дека ти е неверојатно тешко да го видиш вака со твоите заматени очи.

  Но, ова е и Господов ден, и кога би можел да го разбереш тоа, вака затворен во твоето човечко тело, наместо илјада „зошто“, илјада пофалби, би му принесол на својот Бог“


  Отец Христо Григоријус

 

Comments