Собор на сите небески сили

Празникот се слави во ноември - деветтиот месец од март (од кој започнува годината во античко време) - во согласност со бројот од 9 чинови на Ангели. Осмиот ден од месецот го означува идниот Собор на сите небесни сили на денот на Последниот Божји суд, кој Светите Отци го нарекуваат „осми ден“, бидејќи по овој век, кој поминува со недели денови, „ Ќе дојде Втор ден“, а потоа „Синот Човечки ќе дојде во својата слава и сите Свети Ангели со него“ (Матеј 25:31)


Ангелските чинови се поделени на три хиерархии - повисоки,средни и пониски.

Секоја хиерархија е составена од три чина.

Највисоката хиерархија ја сочинуваат : Серафими,Херуфими и Престоли.

Серафими (Пламени,Огнени)-Иса.6: 2-3 , се ангели со шест крилја кои од сите се најблизу до Пресветата Троица. Тие пламтат со љубов кон Бога, и ги поттикнуваат другите кон неа.

Херувими (застапници,умови,пренесувачи на знаење)- Битие3:24;Езек 10, - ангели со четири крилја и со четири лица.

Нивното име значи: излевање на мудроста,просветлување,зашто преку нив,кои блескаат со светлината на Богопознанието и разбирањето на Божјите тајни се испраќа премудроста и просветлувањето за вистинското Богопознание.

Престоли - Кол.1:16;Езек 1: 15-21;10:1-17 - Богоносни ангели по благодат. Тие му служат на Божјата правда.На нив Господ седи како престол и го објавува Неговиот Суд.


Средната ангелска хиерархија е составена од три реда:

Господства,Сили и Власти

Господства - Кол.1:16 - владеат над следните чинови на Ангелите.Тие ги поучуваат поставените од Бога земни владетели за да мудро владеат.
Господствата не поучуваат да владееме со чувствата, да ги скротуваме грешните желби,телото да го потчиниме на духот, да господарат над својата волја,да ги победуваат искушенијата.

Силите-1 Пет.3:22;Ефес.1:21 - ја исполнуваат волјата Божја.Тие прават чудеса и на Божјите угодници им ја испраќаат благодатта на чудотворството и прозборливост.

Силите им помагаат на луѓето во поднесувањето на послушностите,ги поткрепуваат во трпението,им даруваат духовна сила и храброст.

Властите - 1 Пет.3:22 - имаат власт да ја скротуваат силата на ѓаволот. Тие на луѓето им помагаат во одбивањето на демонските искушенија, ги утврдуваат подвижниците, ги заштитуваат, им помагаат на луѓето во борбата против злите мисли.

Пониската хиерархија вклучува три чинови : Началства, Архангели и Ангели.

Началствата -Рим.8:38;Ефе 1:21- началствуваат над пониските ангели, насочувајќи ги кон исполнување на Божјите заповеди.
Ним е доверено управување со вселената,заштитата на државите,народите и племињата.

Началствата ги советуваат луѓето да им оддаваат чест на исте која одговара на неговото достоинство.Тие ги учат управителите да ги извршуваат службените должности не заради лична слава и придобивки, туку заради честа Божја и за доброто на другите.

Архангелите - 1 Сол.4:16 - се небесни учители, ги учат луѓето како да дејствуваат во животот, благовестат за големото и преславно- ги откриваат тајните на верата,пророштвата и разбирањето на волјата Божја, ја утврдуваат Светата вера кај луѓето, просветувајќи го нивнитот ум со светлината на Светото Евангелие.

Ангелите - 1 Пет.3:22 - се најблиски до луѓето. Тие ги објавуваат Божјите намери, ги упатуваат луѓето кон добродетелен и свет живот. Ги чуваат верниците, ги задржуваат да не паднат, ги подигаат паднатите, никогаш не не оставаат и секогаш се готови да ни помогнат ако посакаме.

Над сите девет чинови, Господ го поставил Светиот Архангел Михаил (неговото име преведено од еврејски значи ,,кој е како Бог,,)- Октр.12:7- верен Божји служител,кога сатаната, луцифер, отпадна од Бога и со себе ги повлече во пропаст еден дел од ангелите, тогаш Архангел Михаил стана и возвикна пред неотпаднатите ангели:„Да внимаваме! Да застанеме добро, да стоиме со страв!“ И сите небесни војски на верните ангели громко запеаја: „Свјат, Свјат, Свјат Господ Саваот го исполни неботи и земјата слави Твојеја!“ (за Архистратигот Михаил види во Книгата на Исус Навин 5, 13 - 15)

Според црковната традиција, Архангел Михаил учествувал во многу Старозаветни настани. Кога Израелците го напуштија Египет, тој ги водеше во облик на столб од облак дење и огнен столб ноќе. Преку него се појавила Господовата сила која ги уништила Египќаните и фараонот кои ги прогонувале Израелците. Архангел Михаил го бранеше Израел во сите несреќи.

Тој му се јави на Исус Навин и ја откри Господовата волја да го земе Јерихон (Исус Навин 5:13-16). Моќта на големиот Архангел Божји се манифестира во уништувањето на 185 илјади војници на асирскиот крал Сенахирим (2 Цар.), во поразот на злобниот водач Антиох Илиодор и во заштитата од огнот на тројца свети млади мажи - Ананиј, Азариј и Мисаил, кои биле фрлени во печката за да бидат запалени затоа што одбиле да му се поклонат на идолот (Дан. 3, 92 - 95).
Архангелите се прикажани на иконите според природата на нивната служба:

Михаил (неговото име значи ,, Кој е како Бог,,) - го гази ѓаволот, во левата рака држи
зелена урмина гранка, во десната - копје со бело знаме (понекогаш огнен меч), на кое е нацртан црвен крст.


Гавриил  (,,Сила Божја,,)– со гранче од рајот, што и го донел на Пресвета Богородица, или со светлечки фенер во десната рака и со огледало од јаспис во левата рака.

Рафаил (,,Помош, Божјо исцеление,,) - во левата рака држи сад со лековити напивки, а со десната го води Товија кој носи риба.


Уриил (Оган и Светлина Божја,,)  - во подигната десна рака - оголен меч на ниво на градите, во спуштената лева рака - „огнен пламен“.



Селафиил (,,Молитва кон Бога,,) - во положба на молитва, гледајќи надолу, рацете
 склопени на градите.



Јехудиил (,,Фала му на Бога,,) - во десната рака држи круна,а во левата рака камшик од три црни јажиња.



Варахиил (,,Божји благослов,,) - на неговата облека има мноштво рози.




Јеремиил (,,возвишеност кон Бога, Божја височина,,) - прикажан е како во раката држи вага.



Comments