Прочитај ги Псалмите и ќе видиш дека и ти ќе Воскреснеш...


 

Прочитај ги Псалмите и ќе видиш дека и ти ќе Воскреснеш



 

 Кога некој греши, поради неговата себичност, тешко му е.  Не може да чита, ниту да се моли, бидејќи молитвата му изгледа полоша,неможе ниту да клекне, затоа што му се чини дека ќе му се скршат ребрата...

 Затоа, бидејќи не можете да се молите или да бдеете, барем присилете се да ги проучувате Псалмите.  Псалмите изразуваат молитва, покајание, пофалба, благодарност, содржат чувства и искуства кои ја Воскреснуваат и најслабата личност.  Како што кога некој ќе се онесвести, му давате малку ракија и тој оживува, така се оживува со Псалмите.  Затоа прочитај ги Псалмите и ќе видиш дека и ти ќе Воскреснеш.


 Старец Емилијан Симонопетриски



Comments