Поуки од Свети Јован Златоуст (2 дел...)



 Богатството само по себе не е зло, но менталниот склоп кој не знае да ги користи парите и ги цени повеќе од било што друго на светот е погубно.


Кога трудот од наша страна е отсутен, тогаш и Божјата помош престанува.


Направете го вашиот дом Црква, бидејќи вие ќе бидете одговорни за душите на вашите деца и на сите што живеат во него.


Ниту еден пријател на златото никогаш не станал пријател на Христос или на луѓето.


Црквата до крајот на векот ќе остане цврста и непоколеблива, ќе цвета и свети, секојдневно ќе напредува, расте, зајакнува и на сите луѓе ќе им дава најголеми богатства и неискажлива корист.


Ако сакаш да бидеш смирен, тогаш не биди кроток со некои и дрзок со други, туку биди кроток со сите, било да е тоа пријател или непријател, голем или мал.


Тој што нема ништо не е сиромашен, туку тој што сака многу; исто така, тој што има многу не е богат, туку оној на кој ништо не му треба.


Бог дозволил луѓето да бидат заедно, особено добрите со лошите, за  да ги привлечат кон својот добротвор.


На улица колку и да паднеш пак стануваш.Значи колку и да згрешиш покај се.


Што ќе направи демонот? Што ѓаволот? Што се осмелува? Која судбина? Нели секој е виновен и за својот грев и за својот добротвор?


И кога би го поминале целиот живот во среќа, повторно би биле жестоко казнети доколку не се грижевме за спасот на децата. Децата не се случајна добивка и ние сме одговорни за нивниот спас.


Љубовта на мажот и жената е силата што ја одржува заедницата заедно. Кога во куќата владее мир и хармонија, децата добро се воспитуваат, домаќинството се одржува, а роднините, пријателите и соседите го ценат таквиот успех. На овој начин се создава голема придобивка и за семејството и за државата.


Не оддалечувај се од Црквата, зашто нема ништо посилно од Црквата.Твојата надеж е Црквата, твоето прибежиште е Црквата.Таа е повисоко од небото, пошироко од земјата. Никогаш не старее, но секогаш цвета.


Добриот вид на дрво не го препознаваме по неговите лисја, туку по неговите плодови.


Бог не сака нас повеќе отколку ние самите себе.


Љубовта кон непријателите е најголемото откупување на нашите гревови.


Делата на родителите се како книги од кои учат децата.


Бог не ракополага секој (свештеник), туку делува преку сите.


Гревот ни остава таква дамка што ни илјада извори не можат да ја измијат, туку само солзите на покајанието. Кога нема солзи на покајание, кои ја чистат душата, душата ќе ослепи.


Да грешиш и мислиш за себе многу и високо е полошо од самиот грев.


Тагата е нашето училиште каде се учиме.


БОЖИЌ е мајка на сите празници.


Она што е капка во споредба со бескрајниот океан, сегашниот живот е во споредба со животот што доаѓа.


Бог ти дал богатство за да ти го купиш Небото(Рајот).


Има само два начина да се доведе во прашање нашето спасение, т.е. кога стоиме и мислиме дека сме надвор од опасност, или кога паѓаме и се предаваме на очај.


Не ја ограничувајте доблеста на постот само на исхрана. Вистинскиот пост не е само откажување од разни јадења, туку откажување од страсти и гревови: да не правиш неправда никому, да му простиш на ближниот за навредата што ти ја нанел, за злото што ти го направил, за долгот кој ти должи. Инаку, не јадеш месо, туку си го јадеш својот брат. Не пиеш, туку понижуваш друга личност.





Comments