Кога донирате во храмот или давате милостина на сиромашните...

Кога донирате во храмот или давате милостина на сиромашните, што е истото, кај вас со тоа растете доблеста во вашата душа.  Затоа што Бог така заповеда, не затоа што му треба, туку јас и ти да добиеме плод за нашите души.  Нашата душа мора да научи да биде дарежлива.  Има луѓе кои цело време велат: „Дај, дај, дај, дај, дај!“ - и тука не се работи само за пари: дај ни емоции, дај ни љубов, дај ни добри односи, а јас нема да дадам ништо.  Таков човек во Божјите очи не е достоен да се нарече човек.  Каков човек е ова?!  Ова е некаква црна дупка, ураган кој вовлекува сè во себе!  Ова не е слика на дарежлив Бог Кој ни дели сè!  На црквата и треба или не и треба, на сиромашните им треба или не (се разбира, на црквата и треба, а и на сиромашните исто така), но тоа не е главната работа - главната работа е што, плаќањето долг кон Бога, му оддаваме почит, учиме да бидеме дарежливи.

 

Свештеномаченик  Даниил Сисоев


Comments