Главната причина за расколот меѓу западното и источното Христијаство според Свети Нектариј Егински ( од Свети Јустин Поповиќ)

 Главната причина за расколот меѓу западното и источното Христијаство според Свети Нектариј Егински ( од Свети Јустин Поповиќ )




Од богата духовна ризница на Свети Нектариј Егински имаме многу скапоцени бисери да им ги подариме на благочестивите читатели. Неговото Православно богословие,неговото духовно искуство, душевно-корисните учења и подвижничките упатства,сето тоа е изобилно присутно во неговите чудесни дела, кои напишал следејќи ги Светите Отци на Православната Црква во се. Но,во неговите дела има нешто ново, што на денешниот Православен читател ќе му биде корисно и неопходно да го знае, па овде само ќе го споменеме. Ова е мислењето и оценката на Свети Нектариј, како современ Отец на Црквата и како црковен историчар(затоа што бил и учен богослов) за тоа кои биле причините за расколот во Црквата т.е. причините за одвојувањето на Западната латинска црква од Источната Православна црква.


Свети Нектариј главната причина за расколот, односно одвојувањето на западното христијанство од источното христијанство,ја гледа во гордата и моќнољубива желба на римскиот папа за моќ и доминација над Црквата Божја.Ниту еден од Апостолите немал таква власт како што тврди Папата за себе на целата Црква,па дури ни самиот Свети Апостол Петар, на кого Папите залудно се повикуваат. ,,Затоа што ако својствата и авторитетот на Апостол Петар,, , пишува Свети Нектариј, ,,биле такви какви што бара Римската Црква,тогаш духот на Евангелието би бил неразбирлив и многу проблематичен, бидејќи во тој случај би настанала конфузија на поимите и конфилкт на принципи: од една страна, принципот на еднаквост и нееднаквост(на сите апостоли) би бил неразбирлив, имено еднаквост до степен на смирување еден со друг (Марко 10:42-45), а од друга страна, принципот на нееднаквост, имено нееднаквост до степен на ароганција и владеење на едниот над другиот,,. Меѓутоа Свети Нектариј понатаму додава: ,,Единството на Црквата не беше засновано на еден од Апостолите, туку беше и е втемелено врз единствената Личност на нашиот Спасител Исус Христос, Кој е Глава на Црквата, и во единиот Свет Дух, во една вера и надеж и љубов и служење на Бога,,(Книга 1,стр.68-69). ,Единството на Црквата се состои во единството на нејзините екстемитети (членови) со Господ. Сите што поверуваа во Христа преку Апостолите се соединија со Господ Исус Христос и беа осветени во вистината на Бога Отецот,, (Јн.17:17-22). Затоа во своите посланија Апостол Павле ,,а исто така и во заедничките Свети Синоди на Црквата.Затоа Црквата никогаш не признала ниту една друга власт над нејзините Свети Месни и Вселенски Синоди (Книга 1, стр.48-51,84-85)

,,Вселенските Синоди,, , пишува понатаму Свети Нектариј, ,,се најкарактеристичната каратектеристика на уредувањето и организацијата на Црквата и духот што владее во Црквата, и тие се одраз на еднаква чест и еднакви вредности, важност на сите помесни Цркви. И уште : ,,Тие се најјасното сведоштво на целата Црква за непогрешливоста, кое го има само Едната,Света,Соборна и Апостолска Црква (а не кај папата),, (Книга 1, стр.93-94). Како добар познавач на историјата на Црквата, Свети Нектариј знае дека римските папи во историјата многупати погрешиле во прашањата на верата и моралот и затоа во својата студија наведува десет римски папи кои директно погрешиле во верата, за што некои од нив беа осудени и анатемизирани од Вселенските и Месните Синоди на целата Црква (како,например, папата Хонориј, кој беше осуден од Шестиот и Седмиот Вселенски Синод) (Книга 1, стр.159-172). Затоа Свети Нектариј вели : ,,Што и да кажат приврзаниците на папската непогрешливост за да ја задоволат својата страст,историјата јасно покажува дека одредени папи се покажале како погрешни во верата,па дури и предавници на вистинската вера,, (Книга 1, стр.173).

Светителот Егински понатаму наведува дека римските папи го засновале својот претенциозен и горд авторитет над Црквата низ историјата на лажни документи и декрети , кои латинските теолози, па дури и самите папи ги фалсификувале и на тој начин измамиле другите.Станува збор за лажни документи, таканаречените ,,Дарување на Константин,, , ,,Декретали на псевдо-Изидор,, и ,, Декрети на Гратјан,, , сите од подоцнежните времиња (од 8-9 век). ,,Кој не знае,, , пишува Светителот, ,,дека тоа биле причините за расколот? Со тоа единството веќе внатрешно беше скршено, моралната врска беше прекината, бездната на разделбата веќе беше отворена и голема далечина веќе ја отцепуваше Западнат, поточно Римската Црква од Источната, односно од Едната,Света и Апостолска Црква. Папите така станаа римски императори, а Римската Црква над Црквите, а римскиот папа – папа на целиот свет! Папата стана бог човек! Затоа што според боженственото и човечкото право владее според две сили: боженствена сила (т.е.авторитет) која му доаѓа од наследството на Свети Петар и човечката сила (авторитет) која му доаѓа од даровите и привилегиите што му ги дал царот!,, (Книга 1, стр.199-200). ,,Но, несреќата беше,, додава Светителот, ,,што сето тоа се засноваше на лаги и невистини, на фалисфикати,, (книга 2, стр.92). Оттука, Светителот со право заклучува : ,,Главната причина за расколот, односно одвојувањето на Латинската Црква, е прашањето на папскиот примат,, (Книга 2, стр.8). Бидејќи папскиот примат на моќ „го извртува духот на евангелието и ги уништува основните принципи на евангелието.“ „Сите други причини за одвојување, дури и догматските, иако се важни, всушност произлегоа од првата причина“ (Книга 1 , стр. 69).

На крајот, еве што вели Свети Нектариј Егински за теоријата на Римската црква за папата и папската надмоќ и непогрешливост: „Според таа (римокатоличка) теорија, нашиот Господ Исус Христос, вознесувајќи се на небото, ја оставил својата црква на Апостол Петар, а Петар ја оставил на своите наследници-папи. Оттогаш Христос на престолот на Неговата слава само ја надгледува Својата Света Црква, а тие секогаш добро управуваат со неа и непогрешно ја водат кон целта на нејзиното лично учество (т.е. Папата), затоа Христос никако не се меша во Неговото лично учество во управувањето со Црквата,бидејќи тоа би било спротивно на Неговата  божествена мудрост. Меѓутоа, ми се чини дека оваа римска теорија не се разликува од онаа филозофска теорија која го прифаќа создавањето на светот, но не го признава Божјото разгледување на светот, бидејќи според таа теорија Промислата би ја намалила големината на Божјата мудрост, бидејќи таа рефлексија би посведочила дека законите на природата (дадени од Бог при создавањето) не се совршени! Боженствената личност на римските папи, нивната непогрешливост и учењето дека единството на Црквата е во личноста на Папата, а не во Личноста Христова, како што поучува Источната Православна црква, потекнуваат од оваа папска деистика-теорија. Од таа теорија Римската црква се смета за единствена Христова Црква и поради тоа се осудени сите Православни Цркви што не го признаваат приматот на папата и неговата непогрешливост, а црквата на антички Рим како единствена црква на првородените!,, (Книга 2, стр.8). ,, Од оваа римска теорија произлезе целото страшно насилство,насилното обединување на невините Православни христијани низ вековите од страна на Римската црква,,. Тој е единствениот Поглавар на Црквата, секој друг треба да се плука и отфрли, како што рекол и Свети Григориј Богослов,,. Затоа Свети Нектариј на крајот додава : ,, Нека суди Бог меѓу нас и нив,, (Книга 2 , стр.224)



Comments