Колку е голема љубовта на Богородица

 Колку е голема љубовта на Богородица.



 Колку е голема љубовта на Пресвета Богородица, зборува оваа приказна за една Руска монахиња, која ја кажа нејзиниот духовен отец.

Монахињата во Рускиот манастир поради својата побожност имала само едно послушание во манастирот: секое утро да ја украсува иконата на Пресвета Богородица со свежо цвеќе. Бидејќи била посветена уште како дете , остатокот од сестринството мислеле дека таа е најдостојната за таа возвишена послушност.

Сестрите ја сакаа сакаа оваа монахиња поради нејзината срамежливост, едноставност и смиреност. Меѓутоа, како тоа и обично се случува, кога имало најмалку можности и кога најмалку се очекувало, непријателот на човечкиот род, почнал толку силно и прецизно да ги напаѓа тие доблести, поради кои Богородица најмногу ја сакала.

Еден чувар секој ден чистел околу црквата и често и се обраќал. Во брзо време оваа монахиња се зближила со него. Колку нивната врска постанала силна, зборува тоа дека таа заради тој човек го оставила расото, и потајно го напуштила манастирот, и отишла со него во светот!

Недолго потоа, падната монахиња се разбудила од состојбата на духовно лудило. Страстите исчезнаа како снегулка на дланка, а ѓаволот ја постинал својата цел. Додека таа го сфатила тоа, веќе било доцна.

Покајанието бараше надчовечка сила. Времето неможело да се врати назад, па решила да го трпи сопругот. Тој не бил добар со неа, а со текот на времето нејзиниот живот се претворил во мачење. Таа немала сила да живее, а не сакаше ни да го напушти овој свет без покајание.

Неколку години подоцна, тој човек го напушти овој свет. Монахињата конечно можела повторно да оди и да го види манастирот во кој ги поминала најблажените денови од својот живот. Таа веќе го немаше тоа благочестиво лице, туку само измачено, сериозно и непокриено лице, а тоа таа го искористи за незабележано да влезе во манастирот.

На влезот, таа препозна една од своите сестрите и и се обрати. Сестрата , не ја препозна. Сакаше да види дали уште и се сестри и колку ја осудувале.

-Извините, дали знаете каде е таа монахиња... (го кажа своето име) и што и се случило?

,,Да, секако„ , одговори сестрата - Ене ја во Манастирот.

Монахињата пак праша: - Не ме разбирате, прашувам за една која овде беше пред десет години и ја украсуваше иконата на Пресвета Богородица со цвеќиња.

Сестрата ја погледна чудно и рече: ,, Па, да, и таа сеуште тоа го прави до ден денес. Нашата добра сестра... ене ја , ја украсува иконата на Пресвета Богородица,,.

Монахињата збунета од одговорот кој не го очекуваше, збунето го пројде прагот на манастирот. Внатре во тишина и самотија, навистина ја примети монахинњата која ја украсуваше иконата со цвеќиња и и пријде. Монахињата се заврте. Тоа беше Пресвета Богородица. 

Го соблече расото и и кажа: - ,,Еве ти , ќерко моја, облечи го расото и негреши повеќе,, . Монахињата падна од страв и заплака. Неможела да ја подигне главата од срамот, но Пресвета Богородица ја немаше. Пред неа само стоеше Нејзината икона украсена со цвеќе. Мајката Божја, Милостива и Премислостива сите овие години го вршела послушанието на монахињата да го прекрие нејзиниот грев и да не ги навреди  останатите сестри.

Монахињата се покајала со неисцрпни солзи и осетила незимерна срамота. Единствено што ја утешувало била неизмерната љубов на Пресвета Богородица. Го исповедала оваа на својот духовник и го замолила да го објави после нејзиното заспивање.  После тоа за брзо време го напушила овој свет.

Comments