Сетете се на плачот на оваа Света недела што има моќ да ве Воскресне...

 Сетете се на плачот на оваа Света недела што има моќ да ве Воскресне...



...И тогаш..., тогаш од душата се излева тажен крик:  Пред да загинам на крајот, спаси ме. 

Ова е нашиот крик во оваа Света седмица:  Господи, пред да загинам на крајот, спаси ме.   Вака се молиме оваа недела на Господа, такви молитвени глави ни ги достави во неговиот канон  нашиот велик Свет отец Андреј Критски.

Господи, пред да загинам на крајот, спаси ме. Овој крик се однесува на сите нас , на сите нас кои имаме гревови. Кој нема гревови? Невозможно е да не најдеш некаде, во некој агол од душата, да не откриеш во некој негов агол можеби заборавен грев. И... секој грев, за кој не си се покајал, ти е гроб, тоа е твоја смрт. А ти, за да се спасиш и да Воскреснеш од твојот гроб, извикај со молитвените и тажни извици: Господи, пред конечно да загинам, спаси ме.

Да не се залажуваме, браќа, да не се залажуваме. И ако само еден грев остане во твојата душа, а не се покаеш и не го признаеш, туку го трпиш во себе, овој грев ќе те одведе во царството пеколно. За гревот нема место на Божјото Небо. За гревот нема место во Царството Небесно. За да го барате Царството Небесно, погрижете се да го избркате секој грев од себе, да го искорнете од себе со покајание секој грев. Затоа што ништо не му бега на човечкото покајание. Таква сила Господ му дал на Светото Покајание..

Свети Јустин Поповиќ

Comments

Post a Comment

Напиши коментар