ѓаволот не може да присили никого од нас да греши. Може само да предложи грев
ѓаволот не може да присили никого од нас да греши. Може само да предложи грев.
Можеби ќе ти понуди меч да се убиеш. Тој самиот не може да те убие. Бог не му ја дава оваа моќ.
Но, ако го прифатиш овој меч, ако прифатиш на пр. среброљубие, или гнев, или љубомора, или лукавство, измама, крадење, тогаш си го зел мечот в раце и си го забил во срцето. Тој предлага грев за тебе и мене. И јас и ти (што правиме?).
Јас и ти, или го прифаќаме гревот или го исфрламе. Тоа значи дека или се самоубиваме, ја одвојуваме душата од Бога, или отфрлајќи го гревот со полна брзина маршираме кон Воскресението на Господ Исус Христос, кон победата, конечната и целосна победа против гревот, против смртта, против ѓаволот.
Затоа, браќа, Господ дојде на овој свет. Затоа ни го остави светиот пост. Затоа ни ја остави светата молитва. Да се победи ѓаволот, кој е автор на гревот и смртта. Што ми прави секој грев мене и тебе? Тоа нè убива.
Гревот е темнина. Извлекува темнина одвнатре, а темнината ја обзема и твојата и мојата душа, ја обзема нашата свест, ги обзема нашите сетила.
Но Господ дојде на овој свет токму за ова. Да ни даде светлина да ја растера темнината. Да, ова е светиот пост! Постот носи небесна светлина од небото до вашата душа. Ако се разбира тоа е вистински пост. Вистинскиот пост е воздржување од секакво зло. Умереност во храната, но и воздржаност во гревот.
Свети Јустин Поповиќ
Comments
Post a Comment
Напиши коментар