Молитвата е важна за човечката душа како и дишењето

  Молитвата е важна за човечката душа како и дишењето.





Нема ништо поскапоцено во човечкиот живот од молитвата. Го прави невозможното возможно! го прави тешко, лесно!

Молитвата е важна за човечката душа како и дишењето.

На кој не се моли му недостига разговор со Бога и е како ,,Секое дрво, што не дава добар плод, го сечат и го фрлаат во оган,,(Мат. 7:19).

Ноќта е многу погодно време за осамена молитва. Тоа е време кога се е тивко и мирно.

Сè е тивко, а молитвата што извира од длабочината на срцето во ноќната тишина се слуша, а благодатта Божја се населува во душата во уште поголемо изобилство.

Во времето на молитвата се зголемуваат искушенијата кон оној што се моли со голема жар, со стравови и одвлекување на вниманието. Во исто време се умножува Божјата благодат за да не заштити и да ни даде духовна помош.

Општото мислење на светите Отци е дека молитвата е ќерка на евангелските заповеди, како и мајка на сите добродетели.

Патријарх српски Павле 

Comments