Кога проблемот ќе стане .... решение

 Кога проблемот ќе стане .... решение


Ние не доаѓаме во Црквата да ги решаваме нашите проблеми. Не заборавајте дека проблемот може да биде решение, отворање на патот кон рајот и не сме го земале здраво за готово. За спортист тежок противник е предизвик за медал, дури и повреда може да стане сила за продолжение.
Проблемот може да биде благослов и предизвик за светоста. Имате проблем? немојте да се навредувате, само насмевнете се и поздравете го. Моли го Бога да не те одалечи, туку да те научи на бисерите кои самиот проблем ги крие во себе. Многупати бараме да се реши некој проблем, но на крајот самиот проблем станува отскочна штица кон Рајот. Не се лути брате за тешкотиите, тие не доаѓаат да те израмнат туку да те преобразат.
За мало дете кое учи да оди, често паѓа и тоа се смета за голем проблем, но ако не падне, нема да научи да станува, да се бори и да продолжи, така што преку овие падови ќе научи да стои на неговите нозе и на крајот да оди.
Не стојте фатално и површно пред проблемот, погледнете ги богатствата и лекциите што ги крие. Како ќе ги видите? Замолете го Господ да ви ги открие. Преку овие лекции тренирате во љубовта, се негуваат даровите на Светиот Дух...
Никогаш не кажувајте „зошто јас“, туку кажувајте „Благословено да е“ и темјанот ќе почне да мириса во вашиот живот. Да не заборавиме „Господ го казнува оној, кого го сака...“ (Евреите 12:6).

отец Спиридон Скутис

Comments