Добро е што Бог не нè напушта...


 




Добро е што Бог не нè напушта




Добриот Бог го штити денешниот свет со Своите две раце.

Денес, среде толку многу опасности во кои живее човекот, Бог го штити како што мајката го штити малото дете кога ќе почне да оди.

Сега повеќе ни помагаат Господ Исус Христос, Пресветата Богородица, Светиите, но ние не го разбираме тоа.

Каде ќе беше светот да не помагаа!... Мнозинството луѓе пијат апчиња и се во ситуација...

Друг пијан, друг разочаран, друг вртоглав, друг непроспиен од болка.

Ги гледате сите како возат автомобили, мотоцикли, вршат опасни работи, управуваат со опасни машини.

Дали сите се способни за возење? Светот можеше да биде осакатен. Како не чува Господ, а ние не го разбираме тоа!

Порано, се сеќавам, родителите одеа на нива и многупати не оставаа на сосетката да не чува со нејзините деца.

Но, тогаш децата беа избалансирани. Сосетката фрли еден поглед и се зафати со нејзината работа и ние си игравме тивко.

На ист начин, Христос, Дева Марија, Светителите со еден поглед го набљудуваа светот.

Денеска Христос и Пресвета Богородица и Светителите го фаќаат едниот од овде, другиот од таму, бидејќи луѓето не се избалансирани.

Сега е ситуација... не дај Боже!!!!



Свети Пајсиј Светогорец 

Comments