Умот стекнува благодат со Светите тајни и Светите добродетели...


 




Умот стекнува благодат со Светите тајни и Светите добродетели



  Умот стекнува благодат со Светите тајни и Светите добродетели. Така молитвата со својата Света сила го милува умот, а умот што го примил молитвеното својство раѓа помисли и сите свои помисли ги насочува кон Божествени патишта, за никогаш да не се сруши во мрачниот ќорсокак. 

  На ист начин, љубовта со својата Света сила го благодатува умот и човекот ја евангелизира и остварува Христовата љубов кон сите луѓе и кон целото создание.

  Така и смирението, и кротоста, и постот и сите други евангелски доблести, секоја со својата Света енергија го благословува умот и на тој начин го преобразува, го осветува, го Христификува, обожува, го очовечува,го овековечува и така живее со радост и веселба за вечното во времето, за Божественото во човечкот, за Божественото меѓу луѓето живее за Господ Исус Христос и во времето и во вечноста и со сето свое постоење е прифатено од вечното; Божествената Мудрост која ни е дадена од Божественото Откровение.


Свети Јустин Поповиќ


Comments