Светителот го подигна Крстот над параванот и гласно извика: Христос Воскресна!...


 




Светителот го подигна Крстот над параванот и гласно извика: Христос Воскресна!





Секој ден ги посетуваше болните со Светите Дарови.

Тој често беше виден, во доцните часови, а времето беше тешко, како шета по улиците на Шангај со Епископскиот стап во рака и мавтајќи со расота.

Кога го прашуваа каде оди во такво време, Светителот одговараше: не многу далеку; треба да го посетам овој и оној и кога го придружуваа до тоа место, не многу далеку честопати беше два или три километри.

Чудесната моќ и пророчката способност на Свети Јован била надалеку позната во Шангај.

Еднаш, за време на Страсната седмица, Свети Јован дошол во еврејската болница да ги посети тамошните Православни пациенти.

Поминувајќи низ соба, застана пред параванот што го криеше креветот во кој лежеше една старица Еврејка и умираше.

До неа нејзината смрт ја чекаа членовите на нејзиното семејство.

Светиот го подигна Крстот над параванот и гласно извика: Христос Воскресна!.

Во тој момент жената на умирање се освестила и побарала вода. Светиот и пријде на медицинската сестра и рече: пациентката сака да пие“ќ.

Медицинскиот персонал бил изненаден од промената што била направена кај некој кој само неколку минути претходно умирал. Набрзо жената била целосно излечена и отпуштена од болница. Ваквите случки беа многубројни во Шангај.

Comments