Простувам...


 




Простувам... 


Правам простор во срцето да се вклопиме со тебе, со другиот...

Правам простор да се вклопиме.

Простувам, значи го гледам другиот таков каков што е, со неговиот грев и неговата неподнослива страна,

со сите негови бремиња и маани и велам:

– Ќе те носам, како Крст,

ќе те носам во Царството Божјо,

сакале или не.

И дали си добар или лош,

ќе те носам на рамења, ќе те донесам пред Господа и ќе речам:

Господи, цел живот го носев овој човек, бидејќи се плашев да не загине.

Сега останува на Тебе да му простиш,

во името на моето сопствено простување, со Твојата бескрајна милост и да го примиш во прегратките на Твојата Љубов!

Колку би било убаво кога на тој начин би можеле да ги „сносиме товарите“ и да се поддржуваме, без да се трудиме да ја заборавиме слабата точка, гревот на другиот или ситуацијата на оној што минува низ тешки времиња!

Постапувајќи според тоа, да не му дозволиме да клекне под тежината на искушението, туку наместо тоа да го заштитиме, за да го спречиме неговото предавање на она што би можело да го фрли на колена.

Ако ги опкружевме слабите со будна и нежна љубов, колку луѓе ќе се вразумат и колкумина нема да станат достојни за прошка - прошка што се дава бесплатно!


 Митрополит Антониј Блум


Comments