Што е православие?...


 


Што е Православие?



Православието не е религија во вистинска смисла на поимот.

Религиите го манипулираат човекот со антропоморфни божества за задоволување на страстите и задоволствата со себичен рационализам. Во религиите, луѓето се обидуваат да создадат богови и да им пристапат на боговите што тие самите ги создаваат , односно го идолизираат Бога.

Во Православието имаме спротивно движење. Бог станува Богочовек за да се сретне и да создаде личен и спасоносен однос со човекот. Тек и однос меѓу Бога и човекот кој нема услови и неопходност туку е чин и движење на пожртвувана љубов.

Православието е искуство на Светителите и исцелување на духовните болести на човекот со цел обожение преку откриениот Бог (Син и Слово = второ лице на Света Троица) како Христос. Православието учествува во Христовата Вистина и оваа вистина ни ја пренесува црквата низ вековите со Светите Отци и преку Вселенските Синоди кои ја сочувале вистината од еретички малверзации.

Богослужението кое некои може да го окарактеризираат како религиозен чин е средство, а не цел на секој верник кој се бори. Верувањето во Православието е врска, а не трансакција, верникот учествува примајќи го телото и крвта Христови на секоја Божествена Литургија каде што чиноначалствува Православен свештеник. Секоја тајна во Православната црква го става човекот на сотериолошка траекторија, но не на магичен начин.

Бог не уценува, тој ја почитува човековата слобода и затоа без негова согласност и соработка никој не може да се спаси. Православието го исцелува (со тајната на покајанието - исповедањето) и го обожува човекот со тоа што го прави соучесник во заедницата на Светите и во воплотената пожртвувана љубов на Богочовекот Христос, сето тоа преку авантурата на слободата што Бог му ја дава на човекот и од таму започнува патувањето. Дали некој ќе ја прифати оваа сотериолошка покана зависи исклучиво од него, затоа одлуката е чин на одговорност, а за православната теологија распнат прием.


Отец Спиридон Скутис 


Comments